Во сабота (12.декември), на матине во Бифе Тафталиџе, во ТЦ „Алуминка“, во соработка со Сковин и Сузана Турунџиева како голем и искрен пријател на Атиџе Муратова, се организира несекојдневен настан, на кој ќе присуствува и хероината од Медена земја.
Во меѓувреме, тие две уживаат работејќи на преработките на стари македонски и турски песни.
Пријателството на пејачката, писателка и водителка Сузана Турунџиева и ѕвездата на македонската гордост, филмот „Медена земја“, Атиџе Муратова, кое започна во септември годинава, по посетата на Сузе на домот на Атиџе во Бекирлија, сѐ повеќе се продлабочува и, очекувано, кога станува збор за две музикални души, деновиве се преточува во музика.
Повеќе на плусинфо






