Рене Стабс, поранешна прва тенисерка на светот во двојки, ја коментираше ситуацијата во која се наоѓа Новак Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ има проблеми со повреди во последно време, а поради една таква повреда тој го “предаде” мечот во полуфиналето на Австралија Опен.
Се врати на турнирот во Доха, каде што беше убедливо поразен од Матео Беретини.
“Новак изгуби од Беретини. Беретини го одигра мечот на животот. Погодуваше форхенд винери од сите позиции”, изјави Стабс.
Таа истакнува дека физичката состојба на Ѓоковиќ е поголем проблем од самата играчка форма.
“Знам дека на почетокот од годинава имаше проблеми со ногата во Австралија. Се бори со повреди последните неколку години. Новак се врати подобро од повеќето, од било кој. Ова сега почнува да станува сериозен проблем, а не губење на мечеви”, истакна Стабс и додаде:
“Кога не играш некое време, се враќаш постар. Кога одиш и играш меч, се притискаш повеќе, правиш малку повеќе, малку повеќе си нервозен, телото е напнато. И тој се мачи се повеќе”.
Наредниот турнир на Ѓоковиќ ќе биде Индијан Велс, кој ќе се одржи од 5. до 16. март.






