Мора да споменеме дека поимот “култура” премногу се измени во изминатите 100 години.
1. Културните луѓе ја почитуваат човечката личност и затоа секогаш се љубезни, внимателни, учтиви и спремни да помогнат.
2. Сочувствуваат со сите, не само со питачите и мачките. Се грижат и за она што не е видливо на прв поглед и се спремни да се жртвуваат за другите.
3. Го почитуваат туѓото и затоа ги враќаат своите долгови.
4. Искрени се и ја презираат лагата. Не лажат ниту кога ситници се во прашање. Лагата ја навредува личноста и ја понижува во очите на соговорникот. Не се преправаат, се однесуваат исто и на улица и дома и не се прават важни пред своите скромни пријатели. Не се склони кон озборување ниту ги оптоваруваат другите со своите исповеди. Од почитување кон другите тие повеќе слушаат отколку што зборуваат.
5. Не се понижуваат себеси со цел да добијат сожалување. Не играат на картата на туѓата чувствителност за да добијат внимание. Не велат дека никој не ги разбира или дека никој не се грижи за нив, затоа што тоа се евтини и вулгарни трикови.
6. Не патат од плитката суета. Не се грижат за празни вредности, празни луѓе, за познати личности или за тоа самите да станат познати. Ако направиле нешто значајно тие не прават најголема работа на светот од тоа и не се фалат со тоа дека имаат пристап на места каде што другите немаат. Тие имаат талент за избегнување на масата и фалењето.
7. Ги почитуваат дарбите кои ги имаат. Заради нив ги жртвуваат одморот, романсите, убавиот помин и суетата. Горди се на нивната дарба и многу ѝ се посветени.
8. Имаат развиено чувство за убавото. Не спијат со убава облека и го одржуваат чисто местото во кое што живеат. Се трудат да ги контролираат своите нагони и спротивниот пол да не го гледаат само како сексуален објект. Тежнеат кон оригиналност, отменост и човечност и се воодушевуваат на мајчинските чувства. Не се пијанат, туку пијат алкохол само во посебни прилики затоа што сметаат дека не се свињи. И држат до начелото „Во здраво тело – здрав дух“.







