Турските власти ја урнаа напуштената историска грчка православна црква во регионот Бурса во северозападна Турција.
Црквата Георгиос, позната како Аја Софија од Бурса, била срушена поради безбедносната закана што ја носи нејзината структура, седум години откако регионалната дирекција за верски заедници ја презеде зградата од општината Нилуфер во Бурса, објави веб-страницата Дувар.
Општината ја презела црквата во 2006 година, реновирајќи ја локацијата ,повторно отворена како Културен дом на Озлук, објави „Грчки репортер“.
Сепак, дирекцијата поднесе тужба за стекнување сопственост на црквата во 2013 година, и оттогаш зградата е напуштена.
Зградата се викала Аја Софија од Бурса, а порано се користела и како црква и како џамија.
Градоначалникот на Нилуфер, Тургај Ердем изјави дека општината потрошила околу два милиони турски лири за реновирање на зградата за да им го пренесе културното наследство на идните генерации, но дека никој не се грижел за неа седум години и дека постоела опасност да се сруши.





