На 10.04.2025, во врска со лишувањето од слобода на Д.Д.(34) од Прилеп и И.А.(37) од Битола, а кои беа пријавени од М.Р.(30) од Прилеп дека околу 18.00 часот кај Градскиот стадион во Тетово физички го нападнале во возило со прилепски регистарски ознаки, во содејство со Одделот за криминалистичка полиција при Биро за Јавна Безбедност на МВР и полициски службеници од СВР Битола биле извршени претреси во три локации во подрачјето на СВР Битола и биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото. По документирање на случајот, до Основно јавно обвинителство Тетово ќе бидат поднесени соодветни пријави.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






