Младата руска тенисерка Мира Андрејева направи голема сензација со освојувањето на турнирот во Дубаи.
Русинката, која има само 17 години, стана најмлада шампионка на WTA 1.000 турнирот, освојувајќи титула во Дубаи.
За оваа победа доби и парична награда од 597.000 долари, со што нејзиниот вкупен профит од турнирите сега изнесува 3.799.867 американски долари.
„Сите пари ги давам на татко ми, бидејќи сум малолетна и немам своја банкарска сметка. Мојот татко ги води моите финансии, а јас сега само ќе побарам малку пари за некој мал подарок, но уште не сум одлучила што ќе правам“ изјави Андрејева, која на 29 април ќе наполни 18. години.
Русинката направи и голем напредок на WTA листата, влегувајќи во Топ 10. Напредуваше за пет позиции и за прв пат во својата кариера влезе во Топ 10, резервирајќи го деветото место.
Таа е најмладата во тоа друштво уште од времето на Никол Вајдисова во 2006. година.







