Разделбата на колумбиската пејачка Шакира и нејзиниот долгогодишен партнер, шпанскиот фудбалер Жерар Пике со месеци е главна тема во светските медиуми.
Последна провокација беше со новата песна на Шакира по која излекоа многубројни реакции на двете таканаречени страни од приказната.
Се уште излегуваат нови детали кои укажуваат дека нештата меѓу Шакира и Пике не биле добри подолго време.
На социјалната мрежа Твитер се појави стара снимка на која мајката на Пике, Монсерат Бернабеу делува како да се расправа со Шакира.
Имено, таа во еден момент ја фаќа Шакира за устата и ѝ дава знак да замолчи, додека Пике, кој е во нивно друштво, не реагира на однесувањето на мајка му.
Обожавателите на латино ѕвездата се во шок од оваа постапка на Монсерат Бернабеу и остро ја критикуваат, коментирајќи дека физичкото насилство е неприфатливо. Исто така, тие се разочарани од Жерар Пике бидејќи не се потрудил да ја заштити својата партнерка во тој момент.
За што се работи погледнете видео:






