47-годишен возач е тешко повреден откако со возило излетал од пат доцна синоќа.
– На 25.02.2025 околу 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје, патничко возило „сузуки свифт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ч.(47) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопштија од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.






