Авион на компанијата Бритиш ервејс кој летал од Лондон за Шарм ел Шеик принудно слетал на аеродромот во Венеција откако четири лица се пожалиле дека им се слошило, пренесоа италијанските медиуми.
Веднаш по слетувањето на авионот, на пистата пристигна итна помош за да го згрижи еден од патниците и трите стјуардеси, а пожарникарите го блокираа просторот околу леталото.
Патникот и стјуардесите благи невролошки симптоми, а состојбата на узбуна набрзо е укината после лекарскиот преглед, во кој било констатирано дека не е во прашање некоја сериозна клиничка слика.
Истовремено, било утврдено дека во авионот нема контаминирачки материи.
Патникот и стјуардесите, сите британски државјани, одбиле да бидат префрлени во болница на понатамошни испитувања.
Поради оваа ситуација, дојде до помало пореметување во авио-сообраќајот на венецијанскиот аеродром. Сепак, многу брзо беше продолжено со работа по вообичаениот распоред.







