Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против сопственик и управител на неколку правни лица од Тетово, поради сомнение за даночно затајување. Првопријавениот е обвинет за серија противправни дејства во периодот од 2013 до 2023 година, со кои намерно ја намалувал даночната основа и избегнал плаќање данок на добивка.
Обвинетиот се сомничи дека префрлал средства на основ на позајмици на своја и сметка на правните лица, кои потоа не биле евидентирани во даночните биланси и не биле отпишани по истекот на законските рокови.
Со тоа, се предизвикал штета на буџетот од 16.085.644 денари. Даночното затајување го вршел преку фирмите “БИБАЈ ГРОУП ДООЕЛ”, “БИБАЈ ДООЕЛ”, “ПРО ТИРЕ ДООЕЛ” и “РАЕН ДООЕЛ“ од каде биле префрлани големи износи како позајмици, кои не биле вратени во законските рокови.
Овие позајмици не биле евидентирани како непризнаени расходи за даночни цели, и на тој начин ја избегнувал пресметката и плаќањето на данокот на добивка.







