Џенифер Лопез на 20. и 21. февруари настапуваше во Абу Даби, а исечок од синоќешниот концерт кој ѕвездата го сподели на Инстаграм во помалку од 24 часа собра околу 20 милиони прегледи.
Имено, популарната Џенифер Лопез подолго време не настапуваше, а неодамна Дубаи направи исклучок на отворањето на познат хотел. Потоа, одржа два целосно распродадени концерти во Абу Даби, а социјалните мрежи ги освои со снимка која ја одбележа атмосферата од овие настапи.
Посебно внимание привлекува деталот каде што делуваше дека пејачката се обидува да ги сопре солзите, откако е наградена со аплауз и овации.
Меѓутоа, уште еден детал ги освои корисниците на социјалните мрежи. Станува збор за снимка која ја сподели на својот Инстаграм профил, а која ја прикажува пејачката додека ја изведува песната “Louboutins”.
Песната ја следеше посебна кореографија, а Џенифер ја зачини атмосферата со предизвикувачки танц во комбинезон со леопардски принт.
Фановите на пејачката беа воодушеви и од фактот што на листата на песни се најде и песна која претходните години воопшто не беше изведувана на настапите на Џенифер.
Погледнете ја снимката






