Доколку полицискиот службеник при контрола во сообраќајот утврди дека сте направиле прекршок и постои можност истиот да го повторите ќе може да ви ја одземе возачката дозвола, но тој ќе има право да ве однесе и задржи во полициска станица. Ова го предвидуваат измените на Законот за безбедност на патиштата кои веќе се влезени во собраниска процедура.
Полицискиот службеник во случај кога ќе задржи возач во полициска станица или здравствена установа ќе повика надлежно правно лице за давање на информации и техничка помош на моторизираните учесници во сообраќајот на јавните патишта за отстранување на оштетени возила во дефект или друго правно лице надлежно за отстранување на возила, се вели во предложениот закон.
Задржувањето во полициска станица не смее да биде подолго од 12 часа, а трошоците ги покрива возачот кој го направил прекршокот, односно сопственикот на возилото.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






