Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Димитриеска-Кочоска: Ако има „картелско“ здружување на маркетите цените и во „КАМ“ и во „Веро“ ќе беа тука некаде

by
2025-02-21
in Uncategorized

Ако постои „картелско“ здружување на маркетите, цените и во „КАМ“ и во „Веро“ ќе беа тука некаде, но и сами знаеме дека не е така. Секој има можност и опција да пазари каде сака, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Таа информира дека во вторникот Владата водела долга диксуија околу мерките за цените на производите, при што било констатирано дека треба да се донесат долгорочни решенија. „Замрзнувањето“, повтори, е нешто ад-хок што дава само краткорочен ефект.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Одговорајќи на новинарски прашања по средбата во Сојузот на стопански комори (ССК), министерката подвлече дека одлуките за цените ги донесува исклучиво врз основа на податоците што ги објавува Државниот завод за статистика. Притоа ги повика новинарите со неа да појдат каде што пазари и да видат колку чини табла јајца. Не може, им рече, да ги земаат предвид цените само од еден маркет и да кажуваат дека се покачени. Пред две недели, кога купувала табла јајца, продавачката, напомена, и кажала дека кај неа цените не биле „мрднати“ од минатиот Велигден. Затоа, заклучи Димитриеска-Кочоска, мора пошироко да се гледаат работите.

Во однос на креирањето на потрошувачката кошница што исто така било тема на владината седница, Димитриеска-Кочоска, како што нагласи, била фрапирана од два момента кои биле спомнати: дека едно семејство месечно троши 13 литри млеко или дека купува грав од конзерва. Не може, рече, кога се прават пресметките и анализите да се водиме од некој нелогичен пристап.

-Не бранам никого, да не ме разбрете погрешно, зборувам со факти. Колку се зголемени цените ви кажувам врз основа на тоа што го извадил Државниот завод за статистика како податок. Обратете се таму, нека ви објаснат во детали како пресметале. Не одам по маркетите да проверувам, купувам во „Тинекс“ зашто ми е поблиску и не гледам такви трзавици на цени и на Зелено пазарче. Не одам да ги запишувам цените во секој маркет какви се. Одлуките ги носам врз база на податоците од Државниот завод за статистика, истакна министерката.

Таа го повикала директорот на Државниот завод за статистика и тој и кажал дека од 2011 година Заводот не пресметува потрошувачка кошница. Објаснил дека и ЕУРОСТАТ констатирал нешто слично во 2010 година во однос на тоа кои податоци се земаат предвид.

-Разговаравме на Влада и што треба да има во потрошувачка кошница при што беше оценето дека стручни лица тоа треба да го кажат, дополни министерката.

Според неа, земјава има проблем со базичната инфлација, што значи дека храната бележи раст од 0,3 отсто на ниво на статистичка грешка.

-Кога ќе ги погледнеме бројките, сфаќаме дека се создава паника, но таа паника не е поткрепена со она што го кажува Државниот завод за статистика. Да, тој вели имаме инфлација, имаме раздвижување на инфлацијата, но не на она што значи основни производи. Во моментов најголема причина за инфлација се угостителските услуги. Имајќи предвид дека имаме ваква ситуација, разговаравме во вторникот на Влада. Имавме долга дискусија околу мерките за замрзнување на цените. Лично кажав дека можеме да воведеме одредена мерка „замрзнување на цени“, но тоа ќе има краткорочен ефект. Ние треба да бараме решенија на долг рок, а тоа не се овие ад-хок мерки за замрзнување на цените. Долгиот рок е комплетно нова стратегија – како треба да функционира македонската економија и е многу опширна, почнува од начинот на субвенционирање на земјоделството, поттикнување поголемо производство на храна и поголема конкуренција од страна на домашните производители за да имаме пониски цени и да не ни се случуваат проблеми кои се пресликуваат однадвор. Во однос на “картелско“ здружување на маркетите не можам да кажам дали има или не, сложена е постапката што треба да докаже дали такво нешто има. Ако има „картелско“ здружување тогаш цените и во „КАМ“ и во „Веро“ би биле тука некаде, а и сами знаеме дека не е така, рече Димитриеска-Кочоска.

Според претседателот на ССК Трајан Ангелоски, она што министерката го предлага е решение на целиот проблем на долг рок.

-Колку проценти во маркетите се македонски производи? Нашата статистика вели дека нашите производители во маркетите се застапени во промили, грото од храна е увозна. Ние секогаш апелираме и до маркетите да им овозможат и на помалите.

Previous Post

Дневен извештај за тргувањето на Македонската берза – 21.02.2025

Next Post

ЗАШТЕДА ОД 30 МИЛИОНИ ЕВРА ВО БУЏЕТОТ – МИНИСТЕРКАТА ЗА ФИНАНСИИ ПОЈАСНУВА КАКО БЕШЕ ИСПЛАТЕНА СТАРАТА ЕВРООБВРЗНИЦА

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
gordana kocoska

ЗАШТЕДА ОД 30 МИЛИОНИ ЕВРА ВО БУЏЕТОТ – МИНИСТЕРКАТА ЗА ФИНАНСИИ ПОЈАСНУВА КАКО БЕШЕ ИСПЛАТЕНА СТАРАТА ЕВРООБВРЗНИЦА

Recommended

По евалуација на состојбата од викендов, можно е нов пакет мерки во понеделник

5 years ago
Во Ирска започна ископување на масовна гробница со останки од 800 бебиња

Во Ирска започна ископување на масовна гробница со останки од 800 бебиња

5 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.