Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

По евалуација на состојбата од викендов, можно е нов пакет мерки во понеделник

by bulevar_com_mk_4dm1n
2020-10-17
in Uncategorized

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче и претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски, денеска во изјава за медиумите информираа за заклучоците од состанокот на Комисијата за состојбата во која во моментов се наоѓаме со пандемијата од Ковид-19, бројот на новодијагностицираните случаи, како и капацитетите на болниците.

– Целосно е подготвена модуларната болница до Инфективната клиника. Се уште таму нема сместено пациенти, пристигнати се лекарите од останатите клиники кои што треба таму да работат, заедно со колегите инфектолози и медицинските сестри од сите интерни и хируршки клиники, согласно вчерашните распореди кои ги направивме со сите директори на овие институции. Во однос на бројките, еве гледаме и насекаде во регионот се зголемуваат новодијагностицираните случаи. Ова е нешто што сите го очекувавме. Согласно очекуваниот есенски бран, зголемена концентрација на случаи во смисла на зголемен број на дијагностицирани од вкупниот број на направени тестови во сите земји во регионот, во Европа, исто така, практично и во сите овие земји се воведуваат некаква форма на рестриктивни мерки”, потенцираше Филипче.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Тој потенцираше дека еден пакет на рестриктивни мерки до Владата е веќе предложен и согласно важечките уредби со законска сила потребно е да се направат тие законски измени. „Законот е веќе во собраниска процедура и очекуваме следната недела Собранието да го изгласа, за предложениот пакет за задолжително носење маски на отворено, забраната за групирање после 22 часот и забраната за домашни посети, согласно искуствата коишто ги имаме, веќе да стапат на сила и да може инспекторите и Министерството за внатрешни работи да бидат подготвени да постапуваат во контрола и санкции. Утрово разговаравме и за дополнителен пакет рестриктивни мерки коишто после евалуацијата на ситуацијата во следните денови и викендот, доколку има потреба, до Владата ќе биде предложен нов пакет мерки во понеделник. Тоа би вклучувало прво ограничување на капацитетот на луѓе во јавниот превоз, до 50 проценти како што беше претходно, понатаму целосна забрана за секакви настани и крај на работното време на сите економски оператори, субјекти во 23 часот. Доколку продолжи овој тренд на зголемување на случаите, овој пакет мерки заедно со оној што треба да помине во Собрание мислам дека сериозно ќе го забави, ќе ја редуцира можноста за трансмисија на вирусот“, истакна Филипче.

Менаџирањето на болничките капацитети е еден од најбитните параметри што се следи. Лекарите по системот на ротација се веќе прераспределени на работните места, останатите од листите се подготвени да бидат на помош на своите колеги. Тоа е нешто што секојдневно се координира со директорите на клиниките и болниците и прераспределба на пациенти ширум државата. „Една јавна благодарност до студентите од шеста година на Медицинскиот факултет коишто се вклучија од денес со работа и дел од стажот го поминуваат во центрите за јавно здравје, Институтот за јавно здравје, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, каде што на своите колеги ќе им помагаат во изготвувањето на анкетните листови и следењето на контактите на заразените“, изјави Филипче.

Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски информираше дека анализата на епидемиолошките податоци во последниве три дена кога имаме драстично зголемен број позитивни лица укажува дека одредени настани се главната прилина за поголемиот број на случаи, како на пример, настаните – концертите, журките, се тоа што беше видено на телевизија.

„Причина се групирањата и непочитувањето на мерките или непочитување во таа смисла што никој не носеше маска. Значи, тоа што постојано го кажуваме како наша препорака е дека држење дистанца од два метра, носење заштитна маска и дезинфекција на рацете се основните мерки за да нема случаи. Очигледно, во периодот што е позади нас, тоа не се почитуваше и тоа е факт. Голем дел од овие анкети со самиот факт што инфицираните се на возраст меѓу 20 и 39 години, ни кажува дека тоа се луѓе коишто биле таму каде што може да се направи журка, настан, промоција, во некој локал во којшто не се почитуваат мерките. На прашањето, што се случува во Европа, не треба ние да бидеме премногу паметни да речеме дека имаме типичен есенски бран на ковид. Ние ова го предвидовме уште пред 4-5 месеци, и министерот и комисијата, неколку пати кажувавме дека ќе дојде тој есенски бран. Ако ме прашате епидемиолошки, јас мислам дека есенскиот бран малку подрани, во смисол временските услови не се такви да имаме групирање строго во затворен простор, меѓутоа со доаѓањето на сезонскиот грип, оваа шанса за зголемување на бројот поради групирање, ќе биде поголема. Заради сето тоа и заради ова што беше речено претходно предложи до главниот кризен штаб, до министерот и до Владата предложи да се усвојат два сета на мерки. Едните би се усвоиле во текот на следната недела преку собраниски измени на Законот за заштита на населението од заразни болести, и втор сет на мерки коишто во понеделник ќе му ги презентираме на главниот кризен штаб на премиерот и на Владата“, потенцираше д-р Караџовски и додаде дека не се исцрпени сите мерки кои може да бидат предложени на министерот.
Д-р Караџовски апелираше на почитување на мерките.

„Ве молам и медиуми и население, самите ако не си помогнеме на себе, не може да ни помогнат уште 500 доктори, 500 сестри, 20 болници. Сето тоа ќе се исполни брзо, ние како што знаете работиме од март месец па наваму. Бараме помош од сите, медиуми, политички партии, широко население. Јас би апелирал на широкото население. Да ги почитуваме мерките заради фактот дека тоа го правиме заради нас, нашите најблиски, нашите фамилии. Непочитување на мерките ќе не одведе до огромен број на заболени, ќе не одведе до преполнување на болничките капацитети. Ние може да правиме ротации, и колегите да ги правиме од една установа во друга, меѓутоа бројот на тие луѓе е ограничен. Ние не можеме да измислуваме нови епидемиолози, нови инфектолози. Треба 4,5,6 години да се направи тоа. Дајте да се здружиме сите заедно, како мерка која може сите заеднички да ја спроведеме. Ние може да предложиме уште сет на 10 мерки, меѓутоа за некои од нив не размислуваме во моментов на денешен ден. Затоа што, чекаме да видиме овие два, три дена како ќе се развива актуелната состојба и да видиме на министерот да му предложиме, од понеделник натаму ако состојбата не се подобри и ако овие мерки кои ги предлагаме не успееме да допрат до населението, секако стојат сите мерки на расположение. Меѓутоа, во моментов на прашањето дали размислуваме за полициски час, вонредни состојби, нешто друго, одговорот би бил не“, истакна д-р Караџовски.

Previous Post

Лоша навика која ни носи стрес, а која сите ја правиме наутро

Next Post

„Ова е прашање на „шо е бе, шо ми можеш“ општество и неговиот ќорсокак “

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
„Ова е прашање на „шо е бе, шо ми можеш“ општество и неговиот ќорсокак “

„Ова е прашање на „шо е бе, шо ми можеш“ општество и неговиот ќорсокак “

Recommended

Во недела попладне (6 јули) локално силно невреме во Македонија – ова се деталите

Во недела попладне (6 јули) локално силно невреме во Македонија – ова се деталите

5 months ago
Учесник на Ѕвездите на Гранд му го скршил забот на Поповиќ…(Видео)

Учесник на Ѕвездите на Гранд му го скршил забот на Поповиќ…(Видео)

5 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.