Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

(ИНТЕРВЈУ) Би работеле и без ќар, но со владината одлука одиме во минус – велат од комората на трговци со храна, пијалоци и тутун

by
2025-02-20
in Uncategorized
(ИНТЕРВЈУ) Би работеле и без ќар, но со владината одлука одиме во минус – велат од комората на трговци со храна, пијалоци и тутун

„Владата може да прати инспектори и да се видат трошоците на секој трговец на големо и мало во нашата држава. Тие се од 12 до 15 отсто, земјаќи ги предвид само платите, придонесите и струјата индустриска што е многу скапа. Ако се земат предвид и трговците што плаќаат кирија, а дел имаат и кредити, би се зголемиле трошоците уште пет отсто. Ние како трговци не избегнуваме да му помагаме на народот, но не можеме да работиме и со минус. Така што, државата треба да има предвид да ги земе обете барања – и на народот, но и од трговците“, вели Гега Лавдрим, претседател на Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун во интервју за „360 степени“.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

360֯ : По одлуката на Владата за ограничување на маржите на околу сто групи производи, изразивте незадоволство и побаравте итна средба со премиерот и ресорниот министер. Кои се вашите барања, бидејќи од Владата порачаа дека пред да ја донесат одлуката веќе биле земени предвид аргументите на трговците, особено во делот на скалесто ограничување.

Гега Лавдрим: Нашите предлози до Владата, по состанокот, не се проафтени. Така што, ние како трговци бараме преку Комората: опфатените артикли се премногу – од 1 000 до 1 500 артикли. Бараме преполовување на бројот на артикли. Како второ, бараме државата да може да ги земе предвид трошоците на секој трговец и ние да се надградуваме 5% од трошоците. И како трето, рокот на мерките е премногу голем, два и пол месеци – да биде до еден месец. Од 22 март до 21 април да опфаќа еден месец, да ги фати двата празника и тоа е доволно за да може да биде задоволен народот.

360֯ : Ниту едно од овие барања не беше разговарано, не беше прифатено?

Гега Лавдрим: Не, затоа бараме прием од премиерот , да ни прифати нешто од овие барања. Кога би се зеле предвид трошоците на трговците кои се многу големи, Владата може да прати инспектори и да се видат трошоците на секој трговец на големо и мало во нашата држава. Тие се од 12 до 15 отсто, земјаќи ги предвид само платите, придонесите и струјата индустриска што е многу скапа. Ако се земат предвид и трговците што плаќаат кирија, а дел имаат и кредити, би се зголемиле трошоците уште пет отсто. Ние како трговци не избегнуваме да му помагаме на народот, но не можеме да работиме и со минус. Така што, државата треба да има предвид да ги земе обете барања – и на народот, но и од трговците.

360֯: Дали и официјално побаравте средба во Владата и имате ли одговор, со оглед на тоа што премиерот е на пат во САД?

Гега Лавдрим: Преку медиумите е побарано, а со официјалното барање доцниме зашто знаеме дека премиерот не е тука до 24 февруари.

360: Реагиравте дека во пракса одлуката би значела фаворизирање на богатите наместо заштита на социјално ранливите категории граѓани. На што го темелите ставот?

Гега Лавдрим: Тоа е повеќе од вистина, затоа што Владата има опфатено од 1000-1500 артикли, половина од нив се луксуз. Таа класа која бара да и се помогне не ги користи тие артикли, тие повеќе ги користи високата класа на населението.

360֯: За кои артикли зборувате, бидејќи тука се и основните производи? Брашно, јајца, млеко…

Гега Лавдрим: Ние велиме повеќе од половина.

360֯: Граѓаните се жалат дека цените на прехранбените производи и пијалоци станаа превисоки. И официјалната статистика покажува раст на цените. Како, според вас, може да се надмине состојбата во која потрошувачите бараат намалени цени, а трговците се против ограничувањата на маржата, како што одлучи Владата?

Гега Лавдрим: Народот можеби не знае, но државата го има одговорот на тоа прашање. После пандемијата со ковид, поголемите компании и трговци во светот направија глобализација на одредени артикли, суровини од кои што зависат сите производи. Последните години, веќе секоја година има поскапување на сите цени во светот, не само кај нас во Македонија. Со глобализација на цените производителите се принудени да ги зголемат цените. Поскапувањето веќе го имаме во цел свет.

360֯: Тврдењата на власта се дека малопродажните цени се високи не поради високата цена на откуп или на увоз туку токму поради маржите од трговците. Анализата на Државниот пазарен инспекторат покажала дека трговците пресметуваат бруто профитна маржа на основните прехранбени производи во висина од 20 до 25 отсто во трговијата на мало и од 20 до 50 отсто во трговијата на големо. Ова се големи маржи – како ги објаснувате?

Гега Лавдрим: Повторно се враќаме на тоа државата да направи анализа на трошоците. По завршна сметка може да се види секоја компанија колку профит има. Ниедна компанија на прехранбени производи не може да има профит поголем од 1 до 10 отсто. Се друго е трошок. Државата нека направи анкета со инспекторатот на пазарот, нека види колку се трошоците. Од тоа нека одредат 5% да имаме маржа, ништо повеќе. Без тоа не можеме да одредиме дека ние одиме со големи маржи. Само така ќе ги увериме и народот и државата. Не може државата да вели – ти ќе работиш со 5% и 10%. Каде се трошоците? Значи ние треба да работиме со минус. Би ги помогнале и Владата и народот, нема да работиме со ќар, ама немојте да работиме со минус.

360֯: Дали големите профити што ги пријавуваат, особено големите синџири на маркети, не се показател дека има простор за намалување на маржите?

Гега Лавдрим: Големите компании, добавувачите имаат одредени поголеми рабати за некои од таквите компании. За нас, како средни трговци што ја имаме формирано комората, маржите се одредени и не се толку големи, како што слушаме на телевизија. Ние, како трговци во цела Македонија, имаме приход од 45 милиони евра. А една банка, само во првите девет месеци има 82 милиони евра. Ако ги земаме уште останатите три месеци, тоа е над 100 милиони евра. Сега кои се попрофитабилни, кој оди со поголем ќар ? Банките или трговците со прехранбени производи? И во тие 45 милиони евра, ние како супермаркети немаме ниту 10 милиони евра. Не учествуваме ни 10% од профитот на една банка, а учествуваме само како еден отсто од сите банки во државата.

360֯: Од власта велат дека за некои од вашите предлози како да се дојде до пониски цени не ви е потребна одлука од Владата туку дека во секој момент тоа може и сами да го направите.

Гега Лавдрим: Досега Владата веќе четири години сите овие мерки ги презема сама, без да бидеме ние вклучени, да учествуваме на седница и да може да ги гледаме правата од обете страни – и ризикот и правата. Со ова што владата веќе го презема, ако нема измени по нашите барања, да знаете дека за многу краток рок до завршувањето на мерките, многу продавници ќе бидат затворени, многу работници ќе бидат без работа. Ние, како стопанска комора, значи почнавме со 790 продавници. За десет дена стигнавме до 1 080 продавници. Во секоја продавница просечно има шест вработени и двајца газди, односно осум вработени. Значи, има цифра негде од близу девет илјади вработени. Тие девет илјади вработени и ние као трговци во Република Македонија носиме придонеси, имаме главен удел во придонесите на државата. Ако имаме десет илјади денеска, да ни се приклучат уште илјада продавници, како што имаме ние проблем, нивниот е уште поголем од нашиот, само не се стигнати до информации да можат да ни се придружат.

Во јавноста и кај народот не претставуваат дека поскапувањето не доаѓа од производителите и добавувачите туку од нас трговците. Ние како трговци сме само сервис на извршување на работата и како пошта – ја земаме робата од набавувачите и ја продаваме на купувачите. Цената ја градиме врз основа на цената што набавувачите и производителите ја даваат кон нас. И да сакаме да одиме со поголеми цени, конкуренцијата е голема, така што во многу случаи одиме дури со набавна цена, да не велам во минус, за да можеме да опстанеме, поради конкуренцијата што не опкружува.

360stepeni.mk

Previous Post

Министерката за финансии дојде на протестот на сметководителите, им порача дека решение ќе се најде

Next Post

Хороскоп за петок (21 февруари)

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Хороскоп за петок (21 февруари)

Хороскоп за петок (21 февруари)

Recommended

Една од најмоќните и најблиски жени до Трамп, ја згрози светската јавност со својата изјава по смртта на папата

Една од најмоќните и најблиски жени до Трамп, ја згрози светската јавност со својата изјава по смртта на папата

8 months ago

Општина Битола: Привремено затворање на улицата „Бурса“ поради асфалтирање на 14 и 15 април

8 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.