Првиот вицепремиер, Изет Меџити, оцени дека партнерите во владината коалиција ќе се кандидираат заедно и на локалните избори кои треба да се одржат во октомври оваа година.
Според Меџити, субјектите ќе имаат одделни листи и кандидати, но принципиелно како и до сега ќе се поддржуваат еден со друг. Меѓутоа, не е позната ситуацијата внатре во коалицијата ВЛЕН, кои неколку пати најавија дека ќе седнат да разговараат за поделбата на кандидатурите и формирањето на листите за советници.
„Од 90-тите години до денес партнерите во владата како и во опозицијата секогаш се поддржувале еден со друг. И овој пат нема да има разлика. Партнерите во владата ќе се поддржуваат според потребите, но со листите за советниците ќе излезат одделно, додека во вториот круг ќе се поддржат каде има потреба“, изјави Изет Меџити.







