Трошоците за живот во Европа знаат навистина да варираат од место до место – во некои градови можете да дадете половина од својата месечна плата за вечера, додека во други, флаша вода ќе ве чини помалку од едно евро.
Сепак, кириите се обично прилично добар показател за тоа колку е скап градот, а новите истражувања откриваат кои дестинации во Европа ги имаат најголемите трошоци.
Лондон е прогласен за најскапото место за изнајмување недвижнини во Европа.
На основа на податоците од “Euronews”, просечната кирија во Лондон порасна на неверојатни 3.220 евра месечно, или 2,5% повеќе во однос на претходната година.
На второто место се најде Амстердам, каде што според податоците, месечничниот закуп за еднособен наместен стан изнесува 2.275 евра.
Холандските градови заземаат голем дел од местата на оваа листа. Ротердам, Хаг и Ајнтрахт се најдоа на листата на првите 10.
Најскапи градови за изнајмување недвижнини во Европа:
Лондон: 3.220 евра
Амстердам: 2.275 евра
Рим: 2.000 евра
Париз: 1.862 евра
Ротердам: 1.862 евра
Хаг: 1.790 евра
Минхен: 1.770 евра
Ајнтрахт: 1.746 евра






