Јамал: Ливерпул е единствениот поголем фаворит.
Фудбалерот на Барселона, зборуваше за шансите Барселона да ги освои сите три трофеи.
Во разговор за “Мундо Депортиво” тој спомна дека Ливерпул е единствениот поголем фаворит за освојувањето на Лигата на шампионите.
“Мислам дека Ливерпул е единствениот поголем фаворит од нас во Лигата на шампионите. Едноставно, бидејќи прв обезбеди пласман во следната фаза. Мислам дека можеме да се натпреваруваме за трофеј, дека можеме да одиме до крај. Мораме да мислиме дека сме тим кој игра најдобар фудбал и во Шпанија и во Европа. Не сакам да бирам помеѓу Ла Лига и Лигата на шампионите, одиме по двата трофеи”, изјави Јамал.
Новинарите го прашале и за преговорите околу новиот договор.
“Мислам дека никој не се сомнева колку голем играч сум во Барселона, колку обожавам што сум во овој клуб. Што и да сакаат двете страни, ќе се случи. Јас и должам на Барселон”, изјави младата ѕвезда на каталонците.
Главна тема во Шпанија во моментов се судиите. Реал повторно се жалеше.
“Не разговаравме за писмото од Реал Мадрид во врска со судиите. Фокусирани се на победување и не се фокусираме на споредни работи. Тимови како што се Реал Мадрид, Барселона или Ателтико, не би требало да се жалат на судиите. Тие прават се што можат. Работата на судиите е многу тешка и на крајот од денот доколку досудите во корист на една екипа, другата ќе се пожали. А доколку никој од вклучените страни не се жали, ќе се жали некој од страна. Тоа е тешка работа”, изјави Јамал.







