Бразислкиот фудбалер Дејвид Вашингтон ќе се приклучи во Сантос како позајмица од Челзи.
Вашингтон не се најде на листата кај Енцо Мареска, па затоа остатокот ќе го помине на позајмица.
Бразилецот стигна токму од Сантос пред година и половина за 16 милиони евра во клубот од Премиер лигата.
По враќањето на Нејмар во Сантос, повторно пораснаа амбициите на црно-белите, поради што решија дополнително да го засилат тимот.
Кога пристигна поканата, Вашингтон немал дилема, туку изборот веднаш паднал на клубот во кој веќе играл и каде што ќе може да игра заедно со еден од најдобрите бразилски фудбалери на сите времиња.







