Француското претседателство соопшти дека британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Олаф Шолц, генералниот секретар на НАТО Марк Руте и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе присуствуваат на денешниот состанок за да разговараат за Украина, пренесе Ројтерс.
Француското претседателство додаде дека меѓу другите присутни ќе бидат шефовите на владите на Италија, Полска, Шпанија, Холандија и Данска.
Името на Бугарија не се споменува. Засега единствен коментар од Софија е од потпретседателката Илијана Јотова, која изјави дека средбата со Макрон била изненадувачка, јави „Сега“.
„Лично мислам дека треба да го сочинуваат сите лидери во рамките на Европската унија (ЕУ) и Велика Британија“, коментира за БТА потпретседателката Илијана Јотова.
Едно од прашањата за кои ќе се разговара на денешниот состанок на европските лидери во Париз е „итно“ пристапување на Украина во НАТО доколку Русија го прекрши потенцијалниот мировен договор меѓу двете земји, објави „Гардијан“.







