Холивудскиот актер и рапер Џин Ален, познат и по името “Groove” ненадејно почина на возраст од 63 години.
Холивуд тагува по уште една легенда, познатиот рапер и актер Џин Ален кој ненадејно почина на 63 годишна возраст.
Тажната вест за ТМЗ ја потврди семејството на Џин, кое го пронашло неговото безживотно тело.
Ален, чие уметничко име беше “Groove”, остави значајна трага во забавната индустрија, како во светот на музиката, така и на филмското платно.
Најпознат е по филмот “Каква врска има љубовта со тоа?”, од 1993. година со Тина Тарнер.
Глумеше “уличен фотограф” во филмот “Бумеранг” од 1992. година со Еди Марфи.
Неговата последна објава на Инстаграм датира од пред четири дена, како што се гледа како пее со микрофон на некоја забава.






