Од Конференцијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) сметаат дека би било неприфатливо законски да се дискриминира кој може, а кој не може да работи во недела ако тој ден се прогласи за неработен.
Од КСС предлагаат да се направи дополнување на сегашниот закон со кој ќе се прецизира дека недела е ден за одмор, а сите оние кои ќе работат да им следува 50 проценти повисока дневница.
„КСС стои на ставот дека сегашното Законско решение само треба да се дополни и тоа: Во членот 134 став 2 да стои: Ден за неделен одмор е недела. Секоја работа во недела се пресметува како прекувремена работа и се исплаќа дневница зголемена за 50%; Во членот 134 да се додаде став 3: Неделното работно време не смее да се продолжува во недела и важи од понеделник до сабота“, објаснуваат од Конференцијата на слободни синдикати.
Тие сметаат дека на овој начин би се задоволиле потребите и на работниците, но и на бизнис секторот.







