-3 Берово, -2 Битола, Попова Шапка, -1 Крива Паланка, Прилеп, Штип, Маврови Анови, 0 Демир Капија, Крушево, Лазарополе, 1 Виница, Кавадарци, 2 Охрид, Претор, Велес, 3 Тетово, Струмица, 4 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, 6 Гевгелија.
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07 часот (во сm) 31 Попова Шапка, 9 Маврови Анови.
Времето денес:
Наутро со услови за магла и ниска облачност. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди, а наместа и претежно попладне со услови за појава на повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје претежно облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
За време на викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и локална појава на слаб краткотраен дожд, наутро со услови за магла. На почетокот на работната недела ќе преовладува претежно облачно и постудено време со повремени врнежи, на планините и понекаде на повисоките места од снег, а во некои од пониските места со дожд кој ќе преминува во снег. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.







