Украинскиот претседател Володимир Зеленски на безбедносната конференција во Минхен порача дека е “време за формирање на европска армија”.
На присутните на безбедносната конференција во Минхен, украинскиот претседател им порача дека Киев има јасни разузнавачки податоци дека Русија планира да испрати трупи во Белорусија ова лето.
“Ве повикувам да реагирате за свое добро. Доколку Русија започне напад или ја започне операцијата лажно знаме, дали вашите армии се подготвени?”, ги запраша Зеленски европските лидери.
Украинскиот претседател изјави и дека е време “да се создаде европска армија”.
“Само нашата армија не е доволна, потребна ни е вашата поддршка”, порача тој.
Според неговото мислење, неопходно е во Европа да се произведува оружје.
“Европа мора да одлучи за својата безбедност”, изјави Зеленски во обраќање кое целиот свет го чекаше, после вчерашниот говор на потпреседателот на САД, Џеј Ди Венс.






