Лидерот на Демократската партија Сали Бериша во објава на социјалните мрежи напиша дека премиерот Еди Рама ги избришал сите фотографии со Сорос од социјалните мрежи.
Бериша објави видео со Инстаграм профилот на Рама на кое се гледа дека ги нема сликите со Сорос.
„Куклата на Џорџ Сорос ги отстранува сите фотографии со Алекс Сорос на Инстаграм! Сепак, кај Алекс тие продолжуваат да стојат“, пишува Бериша.
Семејството Сорос кое беше блиско на Еди Рама во моментов е предмет на критики од новата американска администрација на Доналд Трамп.
Џорџ Сорос и неговата фондација се обвинети дека добивале огромни пари од УСАИД за разни сомнителни активности низ светот и во Америка.







