Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Љубов и крипто: Binance открива зоштоинвеститорите играат на долг рок

by
2025-02-14
in Uncategorized

Истражувањето на Binance открива дека повеќето крипто инвеститори имаат долгорочен пристап како кон парите така и кон љубовта

(14 февруари 2025) – Новото истражување на Binance, глобалниот блокчејн екосистем зад најголемата светска берза на криптовалути според обем на тргување и број на корисници, покажува дека повеќето инвеститори со криптовалути имаат долгорочен пристап и кога станува збор заинвестирањето и кога станува збор за романтичните врски. 

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

 

Речиси половина од испитаниците (49 отсто) се сметаат себеси за „Forever HODLers“, што значи дека инвестираат и во пари и во љубов, на долги патеки. Овие, но и многу други сознанија беа откриени преку глобално истражување спроведено од Binance во пресрет на Денот на вљубените, во кое беа анкетирани 2 200 крипто корисници во однос на тоа како тие пристапуваат кон финансиските одлуки и кон романтичните врски.

 

Долгорочниот начин на размислување кога станува збор за криптото и за романтичните врски го повторуваат 48 отсто од испитаниците, кои ја опишуваат нивната врска со криптото како „доживотна посветеност“. Сепак, многумина имаат поинаков пристап – некои го комбинираатдолгорочното размислување во една област но имаатфлексибилност во другата, а некои, пак, се прилагодливи во двете области:

• 19 проценти од испитаниците го прифаќаат начинот на размислување „Трговец и романтичен“, односно преземаат високи ризици во однос на крипто тргувањето, но избираат стабилност во љубовта.

• 17 проценти го следат пристапот „Инвеститор и слободен дух“ – оние кои играат на долги патеки во финансиите, аодносите што ги одржуваат се флексибилни.

• 14 проценти спаѓаат во категоријата „Бркач на ризици“, држејќи ги опциите отворени и кога станува збор заинвестирање и кога станува збор за љубов.

 

„Овие наоди ја доведуваат под знак прашалник перцепцијата за крипто-инвеститорите дека се импулсивни преземачи на ризик. Во реалноста, повеќето го применуваат истиот внимателен, долгорочен пристап – и за нивните портфолија и за нивниот личен живот. Како што изградбата на силна финансиска иднина бара трпение и стратешко планирање, така и негувањето трајни врски“, изјави Енди Голдин, раководител на Анализа на податоци во Binance. 

„Нема единствена формула за успех – некои даваат приоритет на стабилноста во двете области, додека други го прифаќаат ризикот во едната област, а се претпазливи водругата. На крајот, сѐ се сведува на тоа да се најде вистинската стратегија која функционира за нив“. 

Освен различните начини на посветеност, истражувањето фрла светлина и врз тоа како крипто-инвеститорите донесуваат одлуки и ги балансираат приоритетите во финансиите и во односите. Секој трет (34 отсто) применува стратегија и логика и кога станува збор за љубовта и кога станува збор за парите, додека останатите се поделени – некои се потпираат на емоции во двете области, додека некои преземаат ризик во едната област, а стабилност во другата. 

Кога станува збор за приоритетите, и крипто и емотивните односи бараат компромиси. Додека една третина (32 отсто) продолжуваат да инвестираат во крипто без да прават жртви во однос на животниот стил, 42 отсто ги приспособуваат своите трошоци, без разлика дали преку одложување на големи инвестиции како купување дом или автомобил, намалување шопинг или намалување на патните трошоци, со цел да им дадат приоритет на нивните финансиски цели. Слично на тоа, емотивните односи исто така доаѓаат со свои компромиси. Додека 29 отсто испитаници велат дека не би оставиле ништо да чека поради љубов, други (58 отсто)даваат приоритет на љубовта, преку посветување повеќе време на своите партнери, намалување на социјалните дружења или дури и прилагодување на финансиските навики со цел да се приспособат на нивните врски. 

Финансиската компатибилност, исто така игра клучна улога во романтичните врски, при што 59 отсто од испитаниците нагласуваат дека заедничките финансиски вредности се клучни за градење долги врски. 

„Како што криптото сè повеќе станува составен дел од секојдневниот живот, сѐ повеќе луѓе се желни да научат повеќе за дигиталните средства. Само минатата година, 44 милиони корисници ја посетија Академијата Binance за да го прошират своето знаење за крипто“, рече Голдин. 

„Овие нови наоди од истражувањето сугерираат дека како што расте финансиската писменост во крипто, истата може да придонесе и за посилно финансиско усогласување во односите, помагајќи им на паровите да ги усогласуваат финансиските прашања со поголема самодоверба и созаедничко разбирање“.

Академијата Binance нуди широк спектар на бесплатни онлајн курсеви и ресурси за да им помогне на сите да го прошират своето крипто знаење, од почетници до искусни инвеститори.

 

За Binance

Binance е водечки глобален блокчејн екосистем зад најголемата светска берза на криптовалути според обем на тргување и регистрирани корисници. Binance ужива доверба од повеќе од 250 милиони луѓе во повеќе од 100 држави поради неговата водечка улога во безбедноста, транспарентноста, брзината на тргување, заштитата на инвеститорите и неспоредливото портфолио на производи и понуди на дигитални средства – од трговија и финансии до образование, истражување, општествено добро, плаќања, институционални услуги и карактеристики на Web3. Binanceе посветен на изградба на инклузивен крипто екосистем за зголемување на слободата на пари и финансиски пристап за луѓето ширум светот со крипто како основно платежно средство. За повеќе информации, посетете ја веб страницата: https://www.binance.com. 

 

За анкетата

Анкетата беше спроведена од 6 до 10 февруари 2025 година на платформата Binance Survey и беше отворена и за корисници на Binance и за оние кои не се корисници. Во истражувањето учествувале вкупно 2.200 луѓе од целиот свет.

Previous Post

Заплена на дрога вредна 700 илјади евра – Тетовец фатен во обид за шверц

Next Post

ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ИМА НАЈСКАПИ ПРОИЗВОДИ?

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
market

ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ИМА НАЈСКАПИ ПРОИЗВОДИ?

Recommended

Меџити од Арачиново: Денеска сме за еколошки проекти, имаме попаметна работа од изјавите на Али Ахмети

Меџити од Арачиново: Денеска сме за еколошки проекти, имаме попаметна работа од изјавите на Али Ахмети

1 year ago
Инцидент во гимназија во Србија: Падна дел од таванот за време на настава

Инцидент во гимназија во Србија: Падна дел од таванот за време на настава

7 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.