Полицијата заплени марихуана вредна над 700 илјади евра на граничниот премин Богородица, во обид да биде прошверцувана кон Турција преку Грција. Во акцијата се уапсени две лица – возач на камион од Тетово и едно лице од Куманово, за кои постои сомнение дека се дел од организирана криминална група.
Директорот на полицијата, Александар Јанев, изјави дека истрагата се проширува и се преземаат дополнителни мерки за разоткривање на целата мрежа. Заплената е резултат на анализи кои покажале дека транспортот на хартија за рециклирање бил неисплатлив, што предизвикало сомнеж кај полицијата и Царината.






