Во денешното гостување на Димитриеска Кочовска: Ќе ги повикаме компаниите за разговор за враќање на парите од солидарниот данок – ова е сериозен удар за Буџетоттелевизија Алфа, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска на прашањето за тоа од каде би се нашле финансиски средства во буџетот за да се вратат парите од солидарниот данок, потенцираше дека ова е сериозен удар за буџетот.
„Ние ќе седнеме и ќе разговараме со компаниите, да видиме дали можеме да пребиваме со дел од даноците. “ истакна министерката за финансии.
Според информациите што ги сподели Кочовска една компанија која уплатила околу 5 милиони евра и доаѓа од металопреработувачката индустија имала висока добивка како резултат на нивните производи на берза, а не поради берзански цени на електричната енергија. Ова е уште еден доказ дека Законот
„На листата имаме и неколку државни компании.“ откриваДимитриеска Кочовска.
Меѓу државните компании кои биле опфатени со овој данок се Државна лотарија, АД Водостопанство, ЈП Национални шуми и ЕСМ продажба. Најголем дел од овие фирми добиваат пари од централниот буџет за да можат да исплатат плати на своите вработени, а пријавиле зголемена добивка во период на енергетска криза.
Министерката даде ретроспектива за случувањата кога се носеше законот за солидарен данок и дека ВМРО – ДПМНЕ беше против негово донесување од повеќе причини. Една од забелешките на тогашната опозиција е тоа што не беа опфатени новоформирани компании за трговија со електрична енергија какви што имаше еден поранешен премиер од СДСМ.
За потсетување, Владата на СДСМ и ДУИ го донесе законот за солидарен данок во времето на енергетската криза во почетокот на 2023 година.






