Распределбата на средствата за здруженијата/фондации од Буџетот на општина Битола во висина од 500.000,00 денари (петстотини илјади денари) се врши преку грантови за проекти во приоритетни области и цели кои се однесуваат на:
-локален економски развој,
- образование,
- култура,
- здравство,
- екологија
- социјална заштита
Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата и фондациите се: - Да се регистрирани согласно Закон за здруженија и фондации (,,Службен весник на РМ“ бр.52/10, 135/11 и 55/16) и
- Да имаат седиште во општина Битола
Документацијата се доставува до Општина Битола – Комисија за финансии и буџет, Булевар ,,1-ви Мај“ бр.61, во рок од 15 дена, почнувајќи од 12.02.2025 година, заклучно со 26.02.2025 година.
Повеќе информации за потребната документација за аплицирање и критериумите за избор достапни се на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-zdruzenija-i-fondacii/.






