Во градот Лаврио, Грција, вчера попладне се случи страшен инцидент кога балкон од двокатна зграда се сруши токму додека жена минуваше по тротоарот, јавува Прототема. Балконот припаѓал на зграда во која се наоѓа популарна аптека.
Жената успеа да избегне сериозни повреди, но падот предизвика голема материјална штета на четири паркирани возила. Според извештаите, инцидентот се случил околу 15 часот. Прво, дел од парапетот на балконот паднал поради тежината, што довело до целосно одвојување на балконот од зградата и негово паѓање на коловозот пред аптеката.
На видеото од местото на настанот се гледа како балконот се сруши буквално покрај жената. Големо парче бетон и шут паднало од висина од околу два метра на само неколку сантиметри од нејзиното тело, при што минувачите реагирале и ја отстраниле од опасната зона.







