Со аплаузи, наставникот Делче Максимоски од охридско училиште е испратен во пензија, пишуваат на Фејсбук негови пријатели кои постираа видео од овој убав настан и му посакаа среќни пензионерски денови.
„По видеото од Турција кое го споделивме пред некој ден, ни пристигна и видео на иста тема овој пат од Охридско, од ООУ “Братство Единство” – Лескајца. Маестрално испраќање. Географија предаваше. Предобар човек пред сѐ, а потоа и како посветен наставник. Не му се допаѓаше ако децата не знаеја и не учеа за основни работи. Патриот голем.” – напиша татко чии деца учат во училиштето.
Видеото може да го погледнете тука






