Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со амбасадорот на Италија, Паоло Палминтери, на која се разговараше за продлабочување на соработката во енергетскиот сектор.

Италијанските компании покажуваат голем интерес за инвестиции во обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и модернизација на инфраструктурата во Македонија. Во таа насока, оваа година ќе се одржи македонско-италијански бизнис форум, каде што енергетиката ќе биде една од главните теми, нудејќи одлична можност за конкретни партнерства и нови вложувања.
„Останувам посветена на отворање можности за инвестиции и реализација на проекти што ќе ја зајакнат енергетската стабилност и ќе придонесат за економскиот раст“, изјави министерката Божиновска.
Очекувањата се дека соработката со италијанските компании ќе придонесе кон забрзана зелена транзиција и одржлив развој на енергетскиот сектор во Македонија.






