По две години немаше на снег и “мирување“ на ски-патеките оваа година љубителите на зимските спортови од Битола и околите патеки се вратија на ски-патеките и уживаа во скијањето и бордањето. Оваа година скијачите и бордерите на ски-патеката “Копанки“ уживаа во одлично подготвената ски-патека, а најзаслужен за тоа е возачот кој управува со ратракот, Дејан Стерјовски , кој е дел од тимот на хотел “Молика“.

Стерјовски за неговата работа, за возењето на раткакот, за подговката на ски-патеката зборува со многу радост, а како вели, се радува на секој ден кога скијачите имаат одлично подготвена патека, подготвена со љубов, во што има прилика да се уверам кога не однесе на ски-патеката над Копанки се до камењарот.
Целиот текст на BitolaNews






