Денес во 10.30 Советот на јавни обвинители ќе расправа и ќе одлучува за состојбите во Вишото јавно обвинителство во Скопје.
Состанокот е закажан по правилата на Советот а се случува откако државниот обвинител Коцевски ги суспендираше двајцата виши скопски обвинители Јован Цветановски и Мустафа Хајрулаху.
Според државниот обвинител двајцата виши јавни обвинители носеле погрешни одлуки за четири случаи.
Коцевски во ревизијата на овие предмети ја прати Лиле Стефанова која што претходно била дел од случај за кој подоцна правела ревизија што е спротивно на законот.
Според други извори во обвинителството Коцевски врши прогон на двајцата обвинители затоа што тие бараат да се гонат обвинителите од екс Специјалното јавно обвинителство кои незаконски добивале екстра пари додека беа во СЈО.
Двајцата јавни обвинители кои се суспендирани од Коцевски тврдат дека милионските суми кои што ги добивале обвинителите од бившото СЈО се кривично дело.
Хајрулаху преходно обвини дека Коцевски е под контрола на група моќни јавни обвинители меѓу кои се Лиле Стефанова, Ленче Ристовска, Гаврил Бубевски, Љубомир Јовески и други.








