„Пред три дена градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, распиша оглас за јавна набавка за новогодишно украсување на општината во услови кога граѓаните се борат со загадениот воздух и корона заразата. Значи Марин ќе троши за лампиони и светилки, а нема да потроши ниту денар за почист воздух или пак за помош и превентивни мерки од корона заразата“ – напиша во својот фејсбук статус Златко Перински.
Перински потенцираше дека во Општина Аеродром, во овој момент има над 1400 заразени од корона, на кој сигурно им е повеќе потребна помош за пребродување на здравствената криза од тоа таткото на општината да троши за лампиони и светилки. Овие пари можеа да се потрошат и за купување на лап топ компјутери за дечињата кои доаѓаат од социјално загрозени семејства, а кои не се во можност да ја следат он лајн наставата, предложи Перински.








