Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Конечно на слобода: После 30 години во зоолошка, африканската слоница пристигна во бразилската прашума, нејзиниот нов дом

by
2025-04-21
in Uncategorized
Конечно на слобода: После 30 години во зоолошка, африканската слоница пристигна во бразилската прашума, нејзиниот нов дом

Африканската слоница Папи доби нов дом во бразилската прашума по три децении во аргентински зоолошки

По цели 30 години поминати во зоолошката градина во Буенос Аирес, африканската слоница Папи денеска безбедно пристигна во своето ново засолниште во бразилската прашума, објави градската управа на аргентинската престолнина.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Слоницата, стара 35 години, помина пат од 2.700 километри до државата Мато Гросо во Бразил, каде што беше пречекана во одлична здравствена состојба, пренесе агенцијата AP.

Патувањето до единственото засолниште за слонови во Латинска Америка траело пет дена. По пристигнувањето, Папи не сакала веднаш да го напушти железниот транспортер во кој била пренесена, па чуварите ја намамиле со нејзините омилени деликатеси – шеќерна трска и лубеница.

Преселбата е дел од поширокиот процес на трансформација на некогашните зоолошки во Буенос Аирес, кои од 2016 година се пренаменуваа во еколошки паркови за заштита на биодиверзитетот и зачувување на автохтоните видови.

Во рамки на таа иницијатива, досега се преместени над 1.000 животни – меѓу кои лавови, тигри, мечки и мајмуни – во други држави, каде што имаат подобри услови за живот, пишува Еуроњуз.

Previous Post

Поранешен полковник во американската армија предупредува: Зеленски го очекува најлошото сценарио, ризикот е премногу голем

Next Post

Светските политичари му оддадоа почит на папата Франциско: Тој инспирираше милиони луѓе

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Светските политичари му оддадоа почит на папата Франциско: Тој инспирираше милиони луѓе

Светските политичари му оддадоа почит на папата Франциско: Тој инспирираше милиони луѓе

Recommended

Битола: Одржан состанок на локалниот совет за превенција – Зголемени полициски контроли и вклученост на родителите за зголемена безбедност на младите, посебно во пресрет на матурските забави

Битола: Одржан состанок на локалниот совет за превенција – Зголемени полициски контроли и вклученост на родителите за зголемена безбедност на младите, посебно во пресрет на матурските забави

8 months ago

Уапсени двајца 18-годишници кои славеа со огномет синоќа во Скопје

9 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.