Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, за време на својата официјална посета на Соединетите Американски Држави, оствари значајна средба со американскиот конгресмен Пит Сешнс од Републиканската партија.
Во рамки на средбата, Меџити и Сешнс разговараа за билатералните односи меѓу Северна Македонија и САД, при што беше нагласена потребата од понатамошно продлабочување и проширување на соработката во различни области.
„САД останува наш стратешки партнер и пријател. Поддршката што ја добиваме е од непроценливо значење за развојот и стабилноста на Северна Македонија. Нашите односи ќе продолжат да се интензивираат во интерес на граѓаните и двете земји“, истакна Меџити.
Тој, исто така, ја изрази својата благодарност кон Соединетите Американски Држави за континуираната поддршка и соработка, потенцирајќи дека пријателството меѓу двете земји останува цврсто и стабилно.
Оваа официјална посета е дел од пошироките напори на владата на Северна Македонија за јакнење на меѓународните односи и привлекување на дополнителна поддршка за реформските процеси во земјата.






