Скопски обвинители и судии здружено работат да им го олеснат животот на криминалците. И во тоа се екстремно успешни. Еве еден случај кој го потврдува тоа.
Може човек да биде дилер на дрога, може да се случи да биде фатен, може да биде и обвинет и осуден, а пак да не одлежи ниту еден ден во затвор.
Каде го има тоа?
Па во Македонија, нормално. Во Основното јавно обвинителство Скопје и во Основниот кривичен суд Скопје.
Плусинфо ги објавува деталите за еден таков скандалозен случај, кој покажува како скопски обвинители и судии здружено работат да им го олеснат животот на криминалците.
На 31 август 2023 година, ден четврток, против Д.Ц. од Скопје, била поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по чл. 215 ст.1 од Кривичниот законик. Станува збор за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. За ова кривично дело е запретена затворска казна од 3 до 10 години.
При претрес кај пријавениот била пронајдена наркотична дрога марихуана, со нето маса од 992 грамови.
Истиот ден, значи на 31 август 2023 година, од страна на Јавниот обвинител, на Записник КО бр. 2708/23, обвинетиот бил сослушан.
Целиот текст на plusinfo.mk







