Човек на возраст од 87 години ја победи болеста лекувајќи се дома, неговото семејство сведочи дека откако С.З имал симптоми на болеста на 5 ноември се тестирал и резултатот бил позитивен, тој по 20 дена веќе бил излекуван.
„Веднаш беше испратен на Инфективното одделние во Кумановската болница, каде му беше направен детален преглед, при што беше утврдeно дека има воспаление на белите дробови и други нарушувања, но ни беше препорачано да се лекува во домашни услови со соодветна терапија. Преку Службата за домашна посета секојдневно добиваше прво инфузија, а потоа и инјекции. Тука бевме и ние и му помагавме по упатствата на лекарите. После првиот контролен преглед резултатите веќе беа подобри, а по 20 дена неговиот инфектолог констатира дека е излекуван“, кажуваат од семејството, пишува СДК.мк
Тие посебно се благодарни до песоналот и лекарите на Инфективното оддeление, како и на Службата за домашна посета, кои несебично се залагале да помогнат при лекувањето и да им дадат поткрепа во најтешките моменти на неизвесностa како болеста ќе се развива.
„Многу сме задоволни од нивниот однос и еве јавно сакаме да им се заблагодариме. Нивниот пристап во лекувањето и поддршката е најзначаен, покрај имунолошкиот систем на организмот. Ние се плашевме поради неговата возраст иако не беше во ризичната група, но има висок крвен притисок и други проблеми кои се нормални во негови години. Тој отсекогаш беше физички активен, до 82 години возеше велосипед по 10 километри. Но, болеста е непрeдвидлива. Секако, ова е голем успех за него и затоа сакавме да го споделиме нашето искуство со останатите граѓани, да не се откажуваат и да се борат, а најважно од се` е навреме да побараат здравствена заштита за да можат лекарите да им помогнат“, велат роднините.
Остатокот од текстот прочитајте го на СДК.МК







