Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Јавните финансии стабилни, професионално и посветено се работи во сите институции на реализација на Буџетот

by
2025-01-31
in Uncategorized

Јавните финансии се стабилни и ликвидни. Буџетот се реализира согласно планот и редовно се сервисираат обврските. Дефицитот во 2024 е понзок од проектираниот, а исто така и нивото на јавен долг на крајот на 2024 е пониско од проектираното. Процесот на исплата на Еврообврзницата од 2018 година е успешно заокружен, а се работи и на низа реформи поврзани со ЕУ агендата.

Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на средба со новинарите на која заедно со директорите на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, Царинската управа, Бобан Николовски, Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, Управата за финансиско разузнавање, Кујтим Ибиши, Бирото за јавни набавки, Маре Богева и Управата за имотно-правни работи, Зоран Крстаноски, на која ги претставија реализираните активности и активности на кои се работи.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Министерката потенцира дека постигнатите резултати произлегуваат од посветената работа на сите овие институции.

„Во 2024 година беа прибрани приходи во Буџетот за 10,3 % повеќе во споредба со претходната година и реализација на изворните приходи на Буџетот од даноци и акцизи од 100,19%. Раст кој не се темели на раст на цените, бидејќи инфлацијата се стабилизира, туку на ангажманот на овие институции за да се приберат приходите согласно законските прописи. За резултатите би била скромна ако кажам дека не сум задоволна, но секогаш треба да се стремиме кон подобро и тоа е нашиот фокус во оваа година и во наредниот период. Ќе се фокусираме на сериозна борба со сивата економија, изворот на приходи кој треба државата да го наплати“, рече министерката и при тоа порача до сите дека законите треба да се почитуваат и дека институциите имаат механизми кои можат да ги употребат во секое време за надзор над примената на законските прописи.

Таа информираше дека 2024 година е завршена со дефицит понизок од проектираниот, како и дека јавниот долг е понизок од проектираното ниво, додека проекцијата за раст на економијата треба да биде надмината. Посочи на успешно реализираниот процес на отплата на Еврообврзницата од 2018 година, за реформите што се спроведени во МФ поврзани со ЕУ агендата, како и за активности што се преземаат за да се забрза динамиката на искористување на средства кои се обезебедени за реализација на одредени проекти.

Директорката на Управата за јавни приходи наведе дека Во 2024 година УЈП постигна раст на наплатени даноци и социјални придонеси за 33,195 милиони денари, што е пораст од 15% во споредба со 2023 година.

„Оваа позитивна разлика особено беше генерирана во втората половина од годината (58% од вкупната разлика), што укажува на зголемена даночна дисциплина. Подобрата наплата на приходите се должи и на подобра координација и контрола на интерните процеси во УЈП. Во 2024 година наплатени се даночни приходи преку јавна продажба на движни предмети и недвижности на должниците, вклучувајќи: шест патнички возила, шест товарни возила еден моторцикл, една машина, четири стана, една викендица, три ниви и едно земјиште. Исто така, УЈП донесе 525 решенија за задолжување на основачи и управители како даночни гаранти за неплатен долг на фирми-должници. Заостанатите долгови на фирмите се намалија преку остварената наплата од даночните гаранти од 147 милиони денари, истакна директорката и додаде дека до ноември 2024 година извршени се 3352 даночни контроли, од кои 40% покажале неправилности. Исто така, како што соопшти, наплатени се 968,3 милиони денари даночни приходи врз основа на инспекциските наоди, што е пораст од 47% во споредба со 2023 година.

Директорот на Царинската управа Бобан Николовски истакна дека во втората половина од 2024 година Царинската управа наплати над една милијарда евра приходи. Притоа, додаде, приходите од царина бележат раст од 13,8%, од акциза за 8,9%, а од данок на моторни возила за 20%. Бројот на случаи на заплени при откриени сторени прекршочни и кривични дела е зголемен за повеќе од 100% во однос на истиот период 2023 година. До ОЈО во цела 2024 година поднесени се вкупно 89 кривични пријави, при што само во втората половина од годината се поднесени 69 кривични пријави за 37 правни и 101 физичко лице. Поднесени се и 766 прекршочни пријави, рече директорот на Царинска управа, Бобан Николовски.

Директоророт на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски соопшти дека во текот на 2024 година до надлежните јавни обвинителства се поднесени вкупно 34 пријави за оштетување на буџетот, дека до Управата се пристинати повеќе од 100 пријави од граѓани и институции и отворени се неколку предмети по сопствена иницијатива, а се постапува и по повеќе наредби од Обвинителствата. Исто така соопшти дека до Управата за финансиска полиција се доставени две иницијативи од страна на обвинителствата за постапување по новиот Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка.

Директорот на Управата за финансиско разузнавање Кујтим Ибиши ги сподели активностите кои се реализирани од страна на Управата или се координирани од нејзина страна. Тој потенцира дека е подготвен Извештај за Национална пороценка на ризици од перење пари и финансирање тероризам, донесена е Проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам за правните лица, усвоен е Закон за изменување и дополнување на Законот за спречување перење пари и финансирање терориам со што е направено целосно усогласување со ЕУ регулативата. Исто така сподели дека е подготвена ажурирана листа на индикатори за препознавање на сомнителни трансакции од страна на казината и стратешки анализа на извештаи кои се доставуаат од нотарите.

Директорката на Бирото за јавни набавки Маре Богева-Мицовска укажа на неколку преземени активност и најави неколку новини со цел поголема ефикасност на системот на јавни набавки.

При тоа посочи дека од 2025 година се намалува процентот на користење на електронските аукции во постапките за јавни набавки до 40%, се прават промени во делот на административната проверка, а во натамошниот период ќе се работи на проект за автоматизирање на тендерска документација и финансиска понуда во стандардизиран формат.

Директорот Крстаноски соопшти дека за период од 4 месеци, а како резултат на новиот пристап во работата на Управата, решени се над 3500 предмети за приватизација, процес, кој, како што рече, во јули 2024 година бил речиси целосно во застој. Исто така, информираше дека во одделенијата на Управата во Битола, Прилеп, Тетово, Кичево, Гостивар и Охрид е постапено по околу 3500 предлози за експропријација, поврзани со изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д и автопатот Кичево-Охрид.

Previous Post

Во периодот што следи ќе се стават во функција уште 10 км експресни патишта и 40 км автопат

Next Post

Таткото на Фросина: Неказнивоста е коренот на сите проблеми

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

Таткото на Фросина: Неказнивоста е коренот на сите проблеми

Recommended

Димовски: Правосудниот систем бара длабоки и сериозни реформи

1 year ago

Еколошка закана повторно надвиснува над езерото „Младост“ во Велес

5 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.