Илија Димовски, пратеник и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, како и директор на Центарот за комуникации, направи своја анализа во гостувањето во магазинот „Трилинг“:
Пред една недела министерот за правда започна широки дискусии, со конференции се одржаа некои од нив. Околу дискуцијата за законот за судски совет. Да видиме што ќе ни донесе. Мене лично ако ме прашате, јас мислам дека судскиот систем во Македонија треба да помине низ сериозен процес на длабоки, остри и силни реформи. Но не сум само јас тој што одлучува, ниту Вие. Сето тоа треба да биде конципирано и прифатливо. Зошто? Затоа што ако правиме серизни реформи во правосудниот систем, не ги правиме за Илија Димовски или за Гораст Чомовски. Ги правиме за граѓаните да имаат повисок степен на доверба кон институциите.
Состојбата е катастрофа, дали имаме функционалност во институциите на правосудството и во јавното обвинителство? Не. Дали се подложни на флијанија? Очигледно. Дали има обвинувања за коруптивност во постапувањето? Има.
Да почекаме, да видиме тие консултации што ги тера министерот Филков, каков резултат ќе дадат, кој е предлогот до владата. Веројатно ќе се потруди владата, според пораките што ги гледам да биде некаков прифатлив компромис помеѓу мојата крајна позиција и вашата крајна позиција. За да сето тоа биде разумно и прифатливо за граѓаните. Но да почекаме. Јас многу побрзо би ги терат тие работи, друг можеби воопшто не би ги терал работите, да видиме. Но секако да потцртаме некаков закчучок во разговорот. Владата мора да даде видливи и ефективни резултати во ова поле. Ако не го даде тоа ќе има сериозен проблем на следните парламентарни избори кога и да се. Да даде одговор што направила, и дали е тоа доволно.






