Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

САМО ВО ЧУДЕСНА МАКЕДОНИЈА – НЕ РАБОТАТ АМА ПЛАТА ИМ ЛЕГНУВА НА СМЕТКА: ревизорите за работењето на ПИОМ

by
2025-01-29
in Uncategorized

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во текот на 2023 година ангажирал лица кои добивале плата, ама постои сомнеж дали тие се појавиле на договорените работни места. 

Ова е една од забелешките на Државниот завод за ревизија, од каде укажуваат на бројни недоследности во работењето на Фондот. Сепак, еден од аспектите кои се особено проблематични е вработувањето на над 200 граѓани кои добивале плата преку Фондот, но работните задачи не ги извршувале. 

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

– Во текот на 2023 година ангажирани се 206 физички лица со договор на дело за период од 2 до 12 месеца, за кои Фондот има обезбедено согласности од Министерство за финансии врз основа на член 9 од Законот за трансформација на работен односсогласно кој институциите можат да ангажираат лица над 1 процент од вкупниот број на вработени и со поголемо времетрање врз основа на обезбедена согласност од МФ. Лицата се ангажирани за извршување на работни задачи согласно систематизацијата на работни места на Фондот, за кои исплатени се средства во износ од 50.377 илјади денари– се појаснува во ревизорскиот извештај на ДЗР.

Ревизорите укажуваат дека на поголем дел од ангажираните лица договорите им престанале со важност во јуни 2024 година. Но, притоа нагласуваат дека со извршениот увид во доставената документација биле утврдени бројни нерегуларноти. 

– Иако лицата се ангажирани за извршување на работи и работни задачи согласно актот за систематизација не е извршено соодветно пополнување на испразнетите работни места при што на одредени работни места постои недостаток, а на други превработеност. На ревизијата не и е презентирана евиденција за присуство на ангажираните лица поради што постои можност од исплата на парични средства на лица кои не биле присутни на работните места и не ги извршувале работните обврски во Фондот во согласност со склучените договори– објаснуваат од ДЗР. 

Воедно додаваат дека овие лица немале обврска да достават месечни извештаи за работа, што е уште еден показател дека најверојатно само земале плата, без да се појават на работното место. 

– Во договорите не е предвидена обврска ангажираните лица да доставуваат месечни извештаи за извршената работа, што не обезбедува уверување во однос на исполнувањето на нивните работни задачи и обврски за кои се ангажирани. Поголем дел од презентираните договори не се потпишани од страна на извршителите. Ангажирањето на лица по договор за дело на редовни работни обврски во Фондот не е во согласност со член 30 од Законот за административни службеници со кој е утврден начинот на пополнување на работните места и создава можност од субјективен пристап при одлучувањето на изборот на лицата и влијае на квалитетот, сигурноста и одговорноста за извршените работни задачи – се нагласува во ревизорскиот извештај.

Ревизорите исто така посочуваат дека начинот на кој се реализирани овие расходи не се во согласност со член 2 од Законот за извршување на буџет за 2023 година согласно кој буџетските корисници се должни, буџетските средства да ги користат наменски, рационално, економично и ефикасно.

Поради сето ова, ревизорите препорачуваат одговорните лица за управување и раководење на Фондот да преземат мерки и активности за трајно решавање на проблемот со испразнетите работни места во Фондот и истите да ги пополнуваат со вработени лица во редовна законска постапка.

Од друга страна Фондот утврди и други недоследности, меѓу кои и изборот на в.д. директор на Фондот, од страна на Управниот одбор на Фондот за пензиско осигурување без согласност од Владата. 

Извор: Faktor.mk

Previous Post

ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИ, ВАУЧЕРИ, БОНУСИ: Дали работодавачите ќе бркнат „подлабоко“ во џебот за да ги задржат квалитетните работници?

Next Post

ДРЖАВА ВО ДРЖАВА: Пензискиот фонд си изгласал директор без одобрување од Владата

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

ДРЖАВА ВО ДРЖАВА: Пензискиот фонд си изгласал директор без одобрување од Владата

Recommended

„СЕКОГАШ-СЕКАДЕ“ – ЕБР одбележува 20 години од формирањето

„СЕКОГАШ-СЕКАДЕ“ – ЕБР одбележува 20 години од формирањето

4 years ago
Ситуацијата ескалира? Пакистан возврати со напади на Индија

Трамп најави нова пратка „Патриот“ за Украина преку НАТО – курсот кон Киев омекнува

5 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.