Зголемување на плати, делење на награди, бонуси, можности за работа од дома, скратено и флексибилно работно време. Се смета дека сето ова ќе помогне работниците да се чувствуваат дека се вреднувани, во ситуација кога има одлив на работната сила од државата. Некои работодавачи нудат бонуси за своите вработени по повод верски празници, годишнини од основањето на фирмата и слично. Граѓаните велат дека работниците мора финансиски да бидат стимулирани за да не си заминат од земјава.
„Работникот прво мора да ја сака својата работа, да работи посветено, но и газдата треба да го награди со некој бонус. Не мора секој месец, но кога има некој повод, да додели бонус или нешто како 13-та плата“, вели граѓанка.
Друг постар човек чии три деца се иселиле, објаснува дека газдите треба да бидат подарежливи и според него, неколкупати годишно треба да ги наградат работниците со бонуси.
Целиот текст на Faktor.mk






