По реакцијата на тетовскиот сојуз на борци, на СДСМ, Левица и на ВМРО-ДПМНЕ, владејачката партија Беса, од која доаѓа тетовскиот градоначалник Билал Касами, ретерира дека ќе ги менува имињата на тетовските улици без консензус и Бадентерово мнозинство во Советот на Општината.
Владејачката Беса ретерира дека ќе ги менува имињата на тетовските улици без консензус и Бадентерово мнозинство, откако борците од НОБ и македонскиот политички блок реагираа дека нема да дозволат улици да се именуваат по поранешни припадници на ОНА и на балисти. Претседателот на Комисијата за промена на имињата на улиците при Општина Тетово, Арѓенд Велиу, за „Слободен печат“ вели дека без консензус ќе нема промена на имиња на улици и дека не е точно дека веќе има изготвено список со нови имиња.
Од Владата му порачаа на тетовскиот градоначалник и владин партнер Билал Касами дека предлогот нема да му помине. Опозициските СДСМ и Левица, како и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, се децидни дека без Бадентерово мнозинство нема да се именува и да се преименува ниту една улица во Тетово.
Целиот текст на slobodenpecat.mk







