Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, предупреди дека руските сателити ги следат комуникациските сателити кои ги користат германските и сојузничките сили. Според него, станува збор за два руски сателита кои ја следат работата на „Интелсат“ системите, јавува Sky News.
„Русија и Кина последните години брзо ги проширија своите капацитети за водење војна во вселената. Тие можат да ги нарушат сателитските операции, да ги заслепат сателитите, да манипулираат со нив или дури целосно да ги уништат“, истакна Писториус.
Тој нагласи дека ова претставува сериозна безбедносна закана за НАТО и Европската унија, додавајќи дека е неопходно да се разговара за развој на офанзивни способности во вселената, како средство за одвраќање од потенцијални закани.







