Во Крушево, на денешен ден, 1877 година, е роден Никола Карев – учител, социјалистички и национален деец, револуционер и војвода.
Завршува четврти клас во Битолската гимназија, а на 16 години заминува на печалба во Бугарија. Заедно со Васил Главинов, под чие влијание ги прифаќа социјалистичките идеи, ја основаат Македонско-одринската социјал-демократска група (1896). Подоцна, со Веле Марков формира социјалистичка група во Крушево (1899).
Во ТМОРО се вклучува по Првата социјалистичка конференција, а на Смилевскиот конгрес (1903) е избран за горски началник на Крушевскиот реон и како таков учествува во Илинденското востание (2. Ⅷ 1903) и во ослободувањето и одбраната на Крушево.
По престојот извесно време во Бугарија, тргнува со чета во Македонија, но на пат кон Крушево, на 27 април 1905 година, загинува во битка со турската војска кај с. Рајчани, Кочанско.
Посмртните останки на Карев, во 1953 година, по повод одбележувањето на 50-годишнината од Илинденското востание, биле пренесени во Крушево. На 11 април 1990 година, тие биле пренесени во Македониумот.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






