Ноќеска во 02:30 часот на бул.„Србија“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Р.(31) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ .
Б.Р. управувајќи патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, удрил во објект на бензинска пумпа на булеварот.
Додека, по преземени мерки било констатирано дека возилото го управувал без возачка дозвола, дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,14 промили алкохол во крвта и дека лажно се претставил како вработен во АНБ.







