Во наредниот период, Државниот пазарен инспекторат ќе спроведува интензивни контроли во угостителските објекти низ цела Македонија, во координација со Министерството за внатрешни работи. Контролите ќе се однесуваат на почитувањето на Законот за угостителска дејност и Законот за заштита од пушење, со особен акцент на спречување на послужувањето алкохол на малолетни лица.
Послужувањето алкохол на малолетници претставува кривично дело, за кое казните се високи – до 4.000 евра. Дополнително, на прекршителите ќе им се изрекува и забрана за работа во траење од еден месец.
Пазарниот инспекторат апелира до сите угостители да ги почитуваат законските обврски и да ја проверуваат возраста на лицата на кои им се послужува алкохол. Доколку се утврдат нерегуларности, инспекторатот најавува дека ќе постапува со најригорозни мерки.
Граѓаните можат да пријават неправилности на телефонскиот број 191 или преку официјалната веб-страница www.dpi.gov.mk.
Заштитата на младите и доследното спроведување на законите се приоритет!






