Министерката за енергетика, Сања Божиновска, ја посети јамата на рудникот САСА, најголемиот рудник за олово и цинк во Македонија, и одблиску се запозна со секојдневните предизвици на рударите. Облечена во полна рударска опрема, министерката истакна дека безбедното и одржливо рударство е клучно не само за економијата, туку и за луѓето кои стојат зад оваа индустрија.
САСА, кој вработува 770 луѓе, најголемиот дел од локалната заедница, во последните шест години донесе над 85 милиони долари во државната каса. За време на посетата, Божиновска беше информирана за значајните инвестиции во нови постројки и технологии за заштита на животната средина, што гарантираат дека рудникот нема да има потреба од ново јаловишно езеро за време на неговото функционирање.
„Како министерка, останувам посветена на поддршка на иновативни и одговорни рударски практики кои обезбедуваат безбедна и одржлива иднина за сите,“ изјави Божиновска.
Видеото може да го погледнете тука







