Општина Битола, објави јавен оглас за работно ангажирање на 18 невработени лица со средно образование кои ќе вршат доставување на решенија и покани за данок на имот до граѓаните. Работното ангажирање ќе биде за период февруари/јуни и истите ќе добиваат надоместок по учинок, во износ од 17 денари за решение и 3 денари за покана.
Кандидатите треба да достават барање и копија од документ за идентификација (лична карта).
Заинтересираните кандидати да се јават во период од 5 работни дена од денот на објавување на огласот, заклучно со 24.01.2025 година.
Бараните документи можат да се достават во просториите на Општина Битола ул. ,,Булевар 1 Мај“ бр.61 на шалтер бр 1.
Потребната документација и деталите за повикот се објавени на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/јавен-оглас-за-работно-ангажирање-на-18/






